Кина, Иран и Русија почнаа разговори за иранските нуклеарни прашања

Високи дипломати од Иран, Русија и Кина се собраа денеска во Пекинг на разговори за нуклеарните прашања на Техеран, објави кинеската државна телевизија CCTV, неколку дена откако Иран одби да го продолжи дијалогот со САД за неговата нуклеарна програма. Во 2015 година, Иран постигна договор со САД, Русија, Кина, Велика...

Мар 14, 2025 - 12:00
 0  1
Кина, Иран и Русија почнаа разговори за иранските нуклеарни прашања

Високи дипломати од Иран, Русија и Кина се собраа денеска во Пекинг на разговори за нуклеарните прашања на Техеран, објави кинеската државна телевизија CCTV, неколку дена откако Иран одби да го продолжи дијалогот со САД за неговата нуклеарна програма.

Во 2015 година, Иран постигна договор со САД, Русија, Кина, Велика Британија, Франција и Германија и се согласи да ја ограничи својата нуклеарна програма во замена за укинување на меѓународните санкции. Но, во 2018 година, по една година во неговиот прв мандат во Белата куќа, Доналд Трамп се повлече од пактот.

Минатата недела Трамп рече дека испратил писмо до раководството на Иран во кое сугерира преговори со Исламската Република, за која Западот стравува дека брзо се приближува до способноста за производство на нуклеарно оружје. Но, иранскиот претседател Масуд Пезешкијан рече дека нема да преговара со САД додека се „загрозени“ и дека Иран нема да ги почитува американските „наредби“ за разговор./Извор:Makfax