Коста Костадинов на терен: Предмалку го локализиравме пожарот на струмичка страна и повеќе нема опасност за куќите во Баница
Предмалку го локализиравме пожарот на струмичка страна и повеќе нема опасност за куќите во Баница, напиша на социјалните мрежи градоначалникот Коста Костадинов. Благодарност до екипата на ТППЕ и секој струмички пожарникар и до сите кои се вклучија во гаснењето Пред неколку недели реков дека ги знаеме и дека ги гониме...

Предмалку го локализиравме пожарот на струмичка страна и повеќе нема опасност за куќите во Баница, напиша на социјалните мрежи градоначалникот Коста Костадинов.
Благодарност до екипата на ТППЕ и секој струмички пожарникар и до сите кои се вклучија во гаснењето
Пред неколку недели реков дека ги знаеме и дека ги гониме оние кои подметнуваат пожари. Лично ќе се заложам до крај сите да одговараат, рече Костадинов.