ГОРИ КАЈ СТРУМИЦА: Силниот ветер го оневозможува гасењето на пожарот
Според директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов пожарот е настанат од стрниште, последниот период гори трска и останата вегетација. Стојанче Ангелов кој во моментов е на пат за Струмица информираше дека дува силен ветер кој го отежнува или оневозможува гаснењето на пожарот, а на терен се екипите на ТППЕ Струмица, Радовиш,...

Според директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов пожарот е настанат од стрниште, последниот период гори трска и останата вегетација.
Стојанче Ангелов кој во моментов е на пат за Струмица информираше дека дува силен ветер кој го отежнува или оневозможува гаснењето на пожарот, а на терен се екипите на ТППЕ Струмица, Радовиш, Валандово и Богданци.
Да потсетиме дека попладнево избувна пожар во Струмица, кој според локалните медиуми неконтролирано се шири.