Костадиновска Стојчевска: Изречена е мерка наредба од страна на инспекцијата, спомен плочата во Охрид ќе биде вратена во првобитната состојба

„Заштитата на културното наследство мора да е приоритет на сите и грижата да биде заедничка, и на централно и на локално ниво,“ пишува во објавата на својата ФБ страна, министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска. Министерката објави дека спомен плочата во Охрид ќе биде вратена во првобитната состојба, како и...

Мар 15, 2024 - 00:00
 0  2
Костадиновска Стојчевска: Изречена е мерка наредба од страна на инспекцијата, спомен плочата во Охрид ќе биде вратена во првобитната состојба

„Заштитата на културното наследство мора да е приоритет на сите и грижата да биде заедничка, и на централно и на локално ниво,“ пишува во објавата на својата ФБ страна, министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска.

Министерката објави дека спомен плочата во Охрид ќе биде вратена во првобитната состојба, како и дека е изречена мерка наредба од страна на инспекцијата при Министерство за култура.

По тој повод, таа апелира на поголема совесноста од секој поединец кон културните и историски споменици, а во спротивно дека негрижата и дејствијата во насока на нивно уништување ќе бидат соодветно казнети.

Во објавата на ФБ пишува и дека инспекторите за култура извршиле вонреден инспекциски надзор по повод отстранувањето на спомен-обележјето на осудени лица од фашистичкиот окупатор во 1941 година, при што се констатирани прекршоци и на сторителите им се изречени законски глоби, согласно одредбите од Законот за меморијалните споменици и спомен-обележјата. Како и дека, дополнително е извршен и инспекциски надзор во Општина Струга за поставувањето на спомен-плоча за основно училиште „Битолски конгрес“ во 1941 година и за градоначалникот, кој е надлежен за истата и е изречена законски утврдена глоба.