Коцевски тврди дека истрагата за Кочани не е селективна, а можно е да биде проширена

Jавниот обвинител Љупчо Коцевски тврди дека нема никаква селективност во истрагата што се води за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Најави дека е можно евентуално дополнително проширување на истрагата, но тоа би зависело и од доказите што ќе бидат обезбедени. Коцевски соопшти дека обвинителите во Скопје и во Кочани...

мај 8, 2025 - 16:00
 0  1
Коцевски тврди дека истрагата за Кочани не е селективна, а можно е да биде проширена

Jавниот обвинител Љупчо Коцевски тврди дека нема никаква селективност во истрагата што се води за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Најави дека е можно евентуално дополнително проширување на истрагата, но тоа би зависело и од доказите што ќе бидат обезбедени. Коцевски соопшти дека обвинителите во Скопје и во Кочани сè уште вршат распити, се сослушуваат сведоци, но не би требало да дојде до пролонгирање на рокот за завршување на истрагата и подигнување обвинение.

Прашан дали се истражува рацијатата во дискотеката и дали ќе бидат опфатени тогашниот началник на ОВР Кочани и СВР Штип, кои се разрешени, Коцевски одговори дека истрагата што се води е во исклучително важна фаза сега и не може да изнесат повеќе детали./Извор:Makfax