Ковачевски за Пендаровски: Стево е политичар без ниту една црна дамка

Наспроти пишувањата на некои медиуми дека претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски не присуствува на митинзите на кандидатот за претседател Стево Пендаровски, вчера на граѓанските собири во Аеродром и Кисела Вода присутен беше и Ковачевски. Ковачевски за Пендаровски рече дека е кандидат на граѓаните а не нечија продолжена рака. -Стево е...

април 9, 2024 - 17:00
 0  0
Ковачевски за Пендаровски: Стево е политичар без ниту една црна дамка

Наспроти пишувањата на некои медиуми дека претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски не присуствува на митинзите на кандидатот за претседател Стево Пендаровски, вчера на граѓанските собири во Аеродром и Кисела Вода присутен беше и Ковачевски.

Ковачевски за Пендаровски рече дека е кандидат на граѓаните а не нечија продолжена рака.

-Стево е граѓански кандидат, поддржан од граѓани, партии, здруженија. Стево не е претседател под контра на партија ниту нечија продолжена рака како што е Силјановска. Стево е кандидат на граѓаните! – рече Ковачевски на граѓанскиот собир во Аеродром.

Тој додаде дека заедно со Пендаровски имаат план за европска иднина, и најави победа на 24 април.

-Ние имаме план, имаме визија и не се откажуваме од европска иднина. И ве уверувам, победата ќе почне уште на 24-ти април на првиот круг од претседателските избори! Стево е политичар со прогресивни идеи. Без ниту една грешка во првиот мандат и без ниту една црна дамка! Стево силно верува во европската иднина! – рече Ковачевски

Јас и Стево докажавме дека местото каде ние двајца заедно со сите вас граѓаните ќе ја однесеме целата држава е Брисел и ЕУ. И ако сакаат овие кои ќе изгубат на 8 мај да ни се приклучат, вратата е ширум отворена за сите – истакна претседателот на СДСМ.