КРВАВА ЗАЛОЖНИЧКА ДРАМА ВО ПРИЛЕП: Има тројца загинати
Вознемирувачки вести доаѓаат од Прилеп, по крвавата драма која се случувала ноќеска. Хеликоптери го надлетуваа градот, забележливо беше и силно полициско присуство. Според информациите се работело за семејна драма, во која вујко наводно убил возрасен човек и малолетник, а потоа сам си пресудил. Три лица се мртви, меѓу кои и...

Вознемирувачки вести доаѓаат од Прилеп, по крвавата драма која се случувала ноќеска. Хеликоптери го надлетуваа градот, забележливо беше и силно полициско присуство.
Според информациите се работело за семејна драма, во која вујко наводно убил возрасен човек и малолетник, а потоа сам си пресудил.
Три лица се мртви, меѓу кои и малолетно дете, пишуваат медиумите.
Се шпекулира и дека убиецот “најавил” дека планира да направи нешто објавил и на Фејсбук.
Целата драма започнала попладнето околу 15 часот, но полицијата била повикана околу полноќ. Тие се обиделе да влезат во просторот, но напаѓачот бил вооружен и пукал.
Сепак ова се непотврдени информации, во очекување на официјалните податоци од МВР.
