Лишен од слобода криумчар на мигранти
На 09.11.2024 во 22.50 часот полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица, го лишиле од слобода Ф.Р.(20) од Р.Турција поради тоа што околу 22 часот на локалниот пат Стојаково-Богданци при извршен преглед во патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, кое тој го управувал, биле...
На 09.11.2024 во 22.50 часот полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица, го лишиле од слобода Ф.Р.(20) од Р.Турција поради тоа што околу 22 часот на локалниот пат Стојаково-Богданци при извршен преглед во патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, кое тој го управувал, биле пронајдени девет лица-мигранти, од кои седум од Ирак и двајца од Сирија, соопшти МВР.
Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, а мигрантите биле пренесени во Прифатно-транзитен центар „Винојуг“-Гевгелија.