Лукаревска: Пендаровски успеа да се постави како силна политичка фигура во меѓународниот фактор, знаеше што е добро, а што не за граѓаните

„Не очекувам било какви потреси можат да направат и Максим Димитриевски и било кој друг, секако дека социјадемократските вредности се основата на она што значи едно општество за сите, и повторно ќе кажам, она што значи претседател кој ги има европските вредности, она што значи претседател кој што се борел...

Мар 1, 2024 - 14:00
 0  0
Лукаревска: Пендаровски успеа да се постави како силна политичка фигура во меѓународниот фактор, знаеше што е добро, а што не за граѓаните

„Не очекувам било какви потреси можат да направат и Максим Димитриевски и било кој друг, секако дека социјадемократските вредности се основата на она што значи едно општество за сите, и повторно ќе кажам, она што значи претседател кој ги има европските вредности, она што значи претседател кој што се борел подеднакво за сите граѓани, она што значи претседател-политичар со интергритет , сето ова е на страната на Стево Пендаровски. Неговата победа, секако која што ја имаше минатите избори ќе биде соодветен ветер во грб и за овие избори. Мислам дека, немаше било какви негативности во делот на неговото функционирање, напротив, успеа да се постави како силна политичка фигура во меѓународниот фактор, знаеше да направи дистинкција што е добро, а што не за граѓаните да го задржи својот идентитет и авторитет,“ рече заменик претседателката на СДСМ и директорка на Управата за јавни работи, Сања Лукаревска во вестите на Алсат ТВ.

Во врска со анкети за престојните избори Лукаревска посочи дека главните анкети се на денот на изборите.