Макрон: Мора да избегнеме ескалација на Блискиот Исток
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека Франција ќе направи се што може за да се избегне натамошна ескалација на конфликтот меѓу Израел и Иран на Блискиот Исток. Сите сме загрижени за можна ескалација. Ќе направиме се што можеме за да избегнеме разгорување на конфликтот, изјави Макрон за ТВ БФМ...
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека Франција ќе направи се што може за да се избегне натамошна ескалација на конфликтот меѓу Израел и Иран на Блискиот Исток.
Сите сме загрижени за можна ескалација. Ќе направиме се што можеме за да избегнеме разгорување на конфликтот, изјави Макрон за ТВ БФМ и го повика Израел да покаже воздржаност во секој одговор.
Макрон треба да разговара со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
Тој во неделата рече дека нападот на Иран врз Израел е непропорционален, истакнувајќи дека Франција помогнала во пресретнување на беспилотни летала и проектили на барање на Јордан.
Иран лансираше стотици беспилотни летала и проектили кон Израел во саботата вечерта како одговор на израелскиот напад врз иранскиот конзулат во Дамаск на 1 април.