Макрон: Трајниот мир мора да биде придружен со силни безбедносни гаранции за Украинците
Францускиот претседател, Емануел Макрон, изјави дека трајниот мир во Украина мора да биде придружен со „силни и веродостојни безбедносни гаранции“, по телефонските разговори со американскиот и украинскиот претседател Доналд Трамп и Володимир Зеленски. „Сакаме цврст и траен мир во Украина. За таа цел, Русија мора да ја прекине својата агресија...

Францускиот претседател, Емануел Макрон, изјави дека трајниот мир во Украина мора да биде придружен со „силни и веродостојни безбедносни гаранции“, по телефонските разговори со американскиот и украинскиот претседател Доналд Трамп и Володимир Зеленски.
„Сакаме цврст и траен мир во Украина. За таа цел, Русија мора да ја прекине својата агресија и тоа мора да биде придружено со силни и веродостојни безбедносни гаранции за Украинците“, напиша Макрон на мрежата „Икс“ по состанокот на европските лидери во Париз.
„Во спротивно, постои ризик примирјето да заврши како договорите од Минск“, додаде Макрон./Извор:Makfax