Маж падна во провалија со мотор кај „Црно Езеро“ на Шар Планина, полицијата успеа да го извлече
Вчера, во 17.31 часот е примена пријава за повредено лице по пад во провалија со мотор. Локација била на тешко пристапен терен на место викано „Мала Врата“ кај „Црно Езеро“ на Шар Планина, во делот кај караулата „Мазрача“ на дел кон границата со Косово. Лицето се движело со мотор, а...
Вчера, во 17.31 часот е примена пријава за повредено лице по пад во провалија со мотор. Локација била на тешко пристапен терен на место викано „Мала Врата“ кај „Црно Езеро“ на Шар Планина, во делот кај караулата „Мазрача“ на дел кон границата со Косово.
Лицето се движело со мотор, а по падот во провалијата ја скршило ногата.
Во 18.15 часот од Полициската станица (ПС) Галате известија дека полицајци од ПС Мазрача успеале да го извлечат и да го спуштат до село Ѓурѓевиште каде што ги чекала екипа на Итна медицинска помош од клиничка болница „Ферит Мурат“ од Гостивар, извести ЦУК./Извор:Makfax