Министерот Тошковски повторно демонстрира нервоза на прес-конференција, негодува на новинарски прашања и не дава одговори
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски на уште една прес-конференција покажа видна нервоза и негодуваше на новинарските прашања во врска со синоќешната трагедија во Кочани, каде во пожар во ноќен клуб загинаа 59 лица, меѓу кои и еден полицаец. Тошковски негодуваше на прашања и не одговараше на прашањата во врска...

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски на уште една прес-конференција покажа видна нервоза и негодуваше на новинарските прашања во врска со синоќешната трагедија во Кочани, каде во пожар во ноќен клуб загинаа 59 лица, меѓу кои и еден полицаец.
Тошковски негодуваше на прашања и не одговараше на прашањата во врска со тоа колку луѓе имало на концертот, дали дискотеката има дозвола и кој дозволил во во куќа која е со решетки на прозорите и е веднаш до други куќи да се направи ноќен клуб.
Министерот нервозно ги одбиваше новинарските прашања и не одговараше изјавувајќи дека не сака да ја загрози истрагата која е во тек.
Тошковски сепак кажа дека полицијата вршела контрола во дискотеката за користење на дрога и за присуство на малолетници, при што еден полицаец загинал во пожарот. Сепак, Тошковски не одговори како и покрај тоа што се вршела контрола било дозволено малолетници да бидат присутни во дискотеката.
Најмладите потврдени жртви од синоќешниот пожар, според здравствените власти, се на 14 години.