Министерот за одбрана: Франција нема да испраќа војници во Украина

Не може да стане збор за испраќање војници со цел да учествуваат во конфликтите во Украина, изјави францускиот министер за одбрана Себастиен Лекорно за радиото RMC. „Сакавме да ги информираме нашите сојузници што друго можеме да направиме, се разгледуваа различни хипотези, но не и за испраќање на војска да учествува...

Мар 8, 2024 - 19:00
 0  1
Министерот за одбрана: Франција нема да испраќа војници во Украина

Не може да стане збор за испраќање војници со цел да учествуваат во конфликтите во Украина, изјави францускиот министер за одбрана Себастиен Лекорно за радиото RMC.

„Сакавме да ги информираме нашите сојузници што друго можеме да направиме, се разгледуваа различни хипотези, но не и за испраќање на војска да учествува во борбите, како што некои го толкуваа. Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека нема да бидеме соучесници во овој конфликт. Но, дали на тоа поле сме пробале се? Има ли други патеки кои не се испробани?“, прашува Лекорн.

Тој изјави дека пред се станува збор за западно воено присуство за деминирање и обука на украински војници на територијата на Украина.

На крајот на февруари, Макрон, по конференцијата за поддршка на Киев, изјави дека лидерите на западните земји ја разгледале можноста за испраќање војска во Украина, но дека нема договор за ова прашање и дека ништо не е исклучено во зависност од развојот на ситуацијата, пренесува Спутник.