Мицкоски: Чистиот воздух е наше заедничко право, ова е проблем што бара заеднички напори од целата заедница
Чистиот воздух е наше заедничко право, а загадувањето предизвик кој бара обединет одговор од сите нас. Ова е проблем што бара заеднички напори од целата заедница, напиша на својот профил на Фејсбук, премиерот Христијан Мицкоски. „Ја поздравувам најголемата донација во земјата од страна на македонската компанија ЕКОТИП во вредност од...

Чистиот воздух е наше заедничко право, а загадувањето предизвик кој бара обединет одговор од сите нас. Ова е проблем што бара заеднички напори од целата заедница, напиша на својот профил на Фејсбук, премиерот Христијан Мицкоски.
„Ја поздравувам најголемата донација во земјата од страна на македонската компанија ЕКОТИП во вредност од 1 милион евра. Оваа значајна донација на напредни прочистувачи од реномираниот германски производител Mann+Hummel ќе обезбеди воздух со највисоки медицински стандарди за најранливите категории: Во градинките, училиштата, болниците и другите јавни установи каде што квалитетот на воздухот е од клучно значење“, напиша Мицкоски.
Според него, оваа иницијатива не само што ќе го подобри квалитетот на воздухот во јавните установи, туку и ќе помогне во креирање на поздраво општество.
„Воедно продолжуваме дијалог со претставниците на германската Mann+Hummel, кои деновиве со тимот на Владата и Екотип ја анализираат можноста за понатамошна соработка со фокус на долгорочни иницијативи и заеднички развојни перспективи. Ваквите примери нека бидат повик за акција, секој придонес, мал или голем, е чекор кон поздраво општество“, стои во објавата на Мицкоски./Извор:Makfax