Значителна промена на времето – Метоцентар со детална прогноза за следните денови
Следува период на стабилно и студено време со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни, а наместа ќе се спуштат и под -10 степени. Преку денот ќе преовладува претежно сончево време, а мало зголемување на облачноста ќе има за време на викендот. Прогноза за 21.02.2025 Минимална температура: -13°C до...

Следува период на стабилно и студено време со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни, а наместа ќе се спуштат и под -10 степени. Преку денот ќе преовладува претежно сончево време, а мало зголемување на облачноста ќе има за време на викендот.
Прогноза за 21.02.2025
Минимална температура: -13°C до -3°C
Максимална температура: 0°C до 9°C
Наутро многу студено, преку денот сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Прогноза за 22.02.2025
Минимална температура: -12°C до -3°C
Максимална температура: 1°C до 8°C
Наутро многу студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
Прогноза за 23.02.2025
Минимална температура: -9°C до -2°C
Максимална температура: 1°C до 8°C
Наутро многу студено. преку денот променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец.