Мицкоски на дводневен Конгрес на Европската народна партија во Валенсија
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска и утре, со партиска делегација составена од потпретседателите на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски и Тимчо Муцунски, меѓународниот секретар Стефан Андоновски, како и преставници на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ предводени од претседателката Жаклина Пешевска и преставници на Унијата на млади сили ќе присуствуваат на дводневниот...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска и утре, со партиска делегација составена од потпретседателите на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски и Тимчо Муцунски, меѓународниот секретар Стефан Андоновски, како и преставници на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ предводени од претседателката Жаклина Пешевска и преставници на Унијата на млади сили ќе присуствуваат на дводневниот Конгрес на Eвропската Народна Партија (ЕПП) во Валенсија, Шпанија.
На конгресот претседателот Мицкоски ќе има и свое обраќање на првата пленарна сесија. Претседателот Мицкоски ќе одржи и неколку билатерални средби, меѓу кои со Австрискиот премиер и претседател на сестринската партија ОВП, Стокер, како и со претседателот на Српската напредна странка и поранешен премиер на Србија, Вучевиќ, со претседателот на Демократската партија на Албанија и поранешен премиер и претседател на Албанија, Бериша и други европски лидери.
Исто така, Мицкоски ќе присуствува и на вечерата организирана за лидерите од Европската народна партија./Извор:Makfax