Мицкоски: Остануваме на нашите позиции за Бугарија, но сум подготвен да разговарам со бугарските власти

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју за „360 степени“ на МРТ во однос на македонското членство во ЕУ и конечното формирање на политичка влада во Бугарија истакна дека македонската Влада останува на своите позиции дека членството треба да се исполни според постигнувања, не според билатерални спорови, а тој е...

Јан 28, 2025 - 00:00
 0  0
Мицкоски: Остануваме на нашите позиции за Бугарија, но сум подготвен да разговарам со бугарските власти

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју за „360 степени“ на МРТ во однос на македонското членство во ЕУ и конечното формирање на политичка влада во Бугарија истакна дека македонската Влада останува на своите позиции дека членството треба да се исполни според постигнувања, не според билатерални спорови, а тој е подготвен да разговара за надминување на проблемот со бугарските власти.

„Немам проблем да иницирам средба со Бугарија, ние сме соседи и логично е да иницираме таква средба, да се запознаеме, колеги сме, соработуваме, заедно сме во НАТО. Апсолутно ќе побарам средба“, потенцираше премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски додаде дека на таа средна треба да се види дали можеме да ги надминеме разликите околу тоа како ние го гледаме патот на Македонија до полноправно членство во Европската Унија и како тие го гледаат.

„Тука е разликата генерално, затоа што ние секако за иста тема имаме различни гледишта. Ние имаме наша стратегија, суштината една, а тоа дали нас после две децении ќе ни биде дозволено да го почнеме процесот на преговори и истиот да се вреднува според постигнување, а не билатерални спорови. Да видиме дали тука можеме да се најдеме, па потоа да бараме решение за се останато“, изјави премиерот Мицкоски.