Младеновска: Мицкоски се прави дека не е од тука-Владата треба да обезбеди поголема минимална плата
Прес-конференција, Рената Младеновска, членка на ИО на СДСМ – интегрален текст: Кога се платите на работниците во прашање Христијан Мицкоски се прави како да не е од тука, само за да не преземе одговорност затоа што нема поголеми плати. Каков е тој став на премиер кој вели минималната плата друг...
Прес-конференција, Рената Младеновска, членка на ИО на СДСМ – интегрален текст:
Кога се платите на работниците во прашање Христијан Мицкоски се прави како да не е од тука, само за да не преземе одговорност затоа што нема поголеми плати. Каков е тој став на премиер кој вели минималната плата друг да ја договори? Вакво бегање од одговорност досега е невидено.
Па владата за што е ако не е за да обезбеди поголеми плати за работниците? Или за Владата се важни само платите во Влада кои ги зголемија на 100 илјади денари? Кога е за платите во Влада Мицкоски не остава на друг да се договори ама кога е за платите на работниците има поинаков аршин.
Сите Влади на СДСМ досега биле на страната на работниците и ги покачувале платите секоја година. Така минималната плата во 2016 година беше едвај 9.000 денари а денеска благодарение на СДСМ е 22.000 денари. СДСМ и како опозиција бара покачување на минимална плата на работниците на 27.700 денари и веќе наредната година да биде 30.000 денари, затоа што работниците тоа го заслужуваат.
Затоа токму СДСМ поднесе предлог Закон за изменување на минимална плата, со цел да се подобри животниот стандард на граѓаните. Значи Владата на Мицкоски бидејќи не сака ништо да направи, нека побара од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за Законот. Само едно стискање на копче на пратениците и ете поголема минимална плата за работниците. Но проблем е што Мицкоски не сака и не се грижи за работниците туку ги третира како евтина работна сила.
Со ваков арогантен однос на Мицкоски неговата Влада работниците ќе осиромашуваат и понатаму.