„Мојот брак не би го преживеал тоа“: Роберт Кенеди ја одбил понудата на Трамп да биде негов потпретседател

Американскиот претседателски кандидат Роберт Кенеди Јуниор изјави дека не сака да му биде потпретседател на Доналд Трамп доколку победи на претседателските избори во ноември. „Мислам дека мојот брак не би го преживеал тоа“, изјави Кенеди за списанието „Варајети“. „Мислам дека е во право“, додаде неговата сопруга, актерката Шерил Хајнс. Во...

Јан 31, 2024 - 21:00
 0  1
„Мојот брак не би го преживеал тоа“: Роберт Кенеди ја одбил понудата на Трамп да биде негов потпретседател

Американскиот претседателски кандидат Роберт Кенеди Јуниор изјави дека не сака да му биде потпретседател на Доналд Трамп доколку победи на претседателските избори во ноември.

„Мислам дека мојот брак не би го преживеал тоа“, изјави Кенеди за списанието „Варајети“.

„Мислам дека е во право“, додаде неговата сопруга, актерката Шерил Хајнс.

Во изминатите неколку дена американските медиуми објавија дека тимот на Трамп му пристапил на Кенеди за предлог да биде потпретседател на кандидатот за претседателска номинација на Републиканската партија.

„Тимот на Трамп рано изрази интерес за Кенеди, но рано е да се каже“, објави „Њујорк пост“ цитирајќи неименуван извор.

Комуникацијата наводно била воспоставена „веднаш кога Роберт ја објавил“ својата претседателска кандидатура. Кенеди Јуниор ја најави својата кампања за претседателските избори во април 2023 година, првично како кандидат на Демократската партија.

Сепак, во октомври најави дека ќе биде независен кандидат.