Олга Стефанишина: Украина преговара за купување ракети „томахавк“
Украина е во преговори за купување ракети „Томахавк“ и друго оружје, изјави украинската амбасадорка во САД, Олга Стефанишина. Нејзината изјава доаѓа во контекст на одбивањето на американскиот претседател Доналд Трамп да му ги предаде ракетите на Киев. Во интервју за Блумберг ТВ, Стефанишина истакна дека дискусиите сè уште се во...
Украина е во преговори за купување ракети „Томахавк“ и друго оружје, изјави украинската амбасадорка во САД, Олга Стефанишина.
Нејзината изјава доаѓа во контекст на одбивањето на американскиот претседател Доналд Трамп да му ги предаде ракетите на Киев.
Во интервју за Блумберг ТВ, Стефанишина истакна дека дискусиите сè уште се во тек, но украинската страна има повеќе делегации кои работат на обезбедување на потребните финансиски ресурси за стекнување поголем воен капацитет.
Според неа, не станува збор само за „Томахавк“, туку и за разни други ракети со долг и краток дострел. Амбасадорката го опиша процесот како доста позитивен.
Kонечната одлука за ова останува во рацете на Доналд Трамп, кој изјави дека во моментов не размислува за таков чекор./Извор:Makfax