Пендаровски: Ги водев преговорите за членство во НАТО и ја подржав преговарачката рамка за ЕУ, го заштитивме македонскиот јазик

„Таканаречените „патриоти“ не беа способни 11 години да направат попис, да се преброиме, да видиме колку сме и на крај од чисти македонски позиции ги повикаа граѓаните на бојкот, поради што 130 илјади македонци не се попишаа во земјата , а кој знае уште колку во дијаспората. Тоа се луѓе...

април 6, 2024 - 15:00
 0  0
Пендаровски: Ги водев преговорите за членство во НАТО и ја подржав преговарачката рамка за ЕУ, го заштитивме македонскиот јазик

„Таканаречените „патриоти“ не беа способни 11 години да направат попис, да се преброиме, да видиме колку сме и на крај од чисти македонски позиции ги повикаа граѓаните на бојкот, поради што 130 илјади македонци не се попишаа во земјата , а кој знае уште колку во дијаспората. Тоа се луѓе без образ, кои немаат доблест ниту да се извинат, за најсрамниот чин во историјата на македонската држава, а тоа е 27 април 2017 година, кога организираа насилен бунт само да не ја предадат власта на оние кои ја добија довербата на граѓаните. И денес наместо да се извинат, тука има дел од тие пратеници, тие во својат аизборна програма и политички избори најавуваат амнестија на оние кои сакаа да убиваат пратеници. Дали е можно овие исти луѓе да водат поинаква политика ако бидат на власт. Почитувани пријатели не мора воопшто да нагаѓаме каква ќе биде нивната политика, затоа што знаеме многу добро , што се случуваше во нивните 11 години,“ рече претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски на граѓанскиот митинг во Штип.

Тој се наврати на тогашното владеење, време на заробена држава, затворани медиуми, противици и новинари во затвор монтирани случаи, а ниту еден нивни активен функционер во затвор.

„Македонија е можна само како просперитетна и демократска држава, ако ги одржува витални, живи, двата стратешки континуитети- евроатлантските интеграции и меѓуетничките односи. Нашиот политички континуитет е добро познат, а нивниот одбивање на компромиси кои го чуваат нашето национално достоинство. Како национален координатор на НАТО, 2018 година ги водев преговорите за членство во Алијансата со што долгорочно, сите ние го осигуравме опстанокот на државата. Ја поддржав европската преговарачка рамка со која не само што ги почнавме преговорите по 17 години, туку договоривме со Брисел македонскиот јазик да биде, еден од официјалните јазици, на ЕУ. Го потпишавме договорот со ФРОНТЕКС , на македонски и англиски јазик. Поголем дока од тоа дека ние ја штитиме македонштината нема, а тие работат против таа кауза,“ рече Пендаровски.