Петрушевски тврди дека барањата на ССМ за минималецот се нереални, излезе со обвинувања и до СДСМ
СДС признаа дека го координираат ССМ, барањата на синдикатот се нереални и политички, рекол Бране Петрушевски, од ВМРО ДПМНЕ на денешна прес конференција. – Сања Лукаревска вчера на прес – конференција од Собранието призна дека СДС го координира ССМ и дека имаат состаноци во синдикатот. Она што не го кажа...

СДС признаа дека го координираат ССМ, барањата на синдикатот се нереални и политички, рекол Бране Петрушевски, од ВМРО ДПМНЕ на денешна прес конференција.
– Сања Лукаревска вчера на прес – конференција од Собранието призна дека СДС го координира ССМ и дека имаат состаноци во синдикатот.
Она што не го кажа Лукаревска е дека на тие состаноци е договорен малициозниот и деструктивен пристап кон државата, со цел да се нанесе колку може повеќе штета.
ВМРО-ДПМНЕ им го обелодени планот, и покажа дека ССМ со Слободан Трендафилов стана обична испостава на СДС.
Од ССМ не може да се очекува ништо повеќе се додека на нејзино чело е Слободан Трендафилов, кој е задолжен кај СДС заради неговото поставување.
И СДС и ССМ демаскирани сте, залудно е да продолжите со лагите, наместо деструкција бидете конструктувни и реални со народот и државата, така ќе добиете поголеми симпатии, наместо да тонете под секое ниво, тврди Петрушевски.