Подгответе се за големо невреме – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена
Во следните денови времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен локален дожд. Во деновите од викендов и во понеделник наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Прогноза за 11.05.2025 Минимална температура: 2°C до 10°C Максимална температура: 17°C до 25°C Променливо облачно. Ќе дува слаб...

Во следните денови времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен локален дожд. Во деновите од викендов и во понеделник наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Прогноза за 11.05.2025
Минимална температура: 2°C до 10°C
Максимална температура: 17°C до 25°C
Променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.
Прогноза за 12.05.2025
Минимална температура: 4°C до 11°C
Максимална температура: 18°C до 25°C
Променливо облачно со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.
Прогноза за 13.05.2025
Минимална температура: 3°C до 9°C
Максимална температура: 15°C до 22°C
Променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.