Полицијата заплени огревни дрва кои биле пренесувани во автомобил
На 06.03.2025 во 16.00 часот кај село Фариш, кавадаречко, на магистралниот пат Градско – Прилеп, полициски службеници од ОВР Кавадарци привеле едно лице (61), соопшти полицијата. При контрола на патничко возило „фолксваген пасат“ со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени огревни дрва за кои не поседувал...

На 06.03.2025 во 16.00 часот кај село Фариш, кавадаречко, на магистралниот пат Градско – Прилеп, полициски службеници од ОВР Кавадарци привеле едно лице (61), соопшти полицијата.
При контрола на патничко возило „фолксваген пасат“ со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени огревни дрва за кои не поседувал соодветна документација, моторна пила и други предмети. Дрвата, возилото и останатите предмети биле предадени на Шумска полиција од Кавадарци за понатамошна постапка.