Поранешниот претседател на Чиле загина во хеликоптерска несреќа

Поранешниот чилеански претседател Себастијан Пињера загина во хеликоптерска несреќа на југот на земјата, објави локалниот весник „Терцера“, повикувајќи се на владини извори. Весникот наведува дека во хеликоптерот имало четири лица, а тројца се повредени. Чилеанската национална агенција за катастрофи СЕНАПРАД потврди дека хеликоптер се урнал во јужниот град Лаго Ранко,...

февруари 7, 2024 - 03:00
 0  0
Поранешниот претседател на Чиле загина во хеликоптерска несреќа

Поранешниот чилеански претседател Себастијан Пињера загина во хеликоптерска несреќа на југот на земјата, објави локалниот весник „Терцера“, повикувајќи се на владини извори.

Весникот наведува дека во хеликоптерот имало четири лица, а тројца се повредени.

Чилеанската национална агенција за катастрофи СЕНАПРАД потврди дека хеликоптер се урнал во јужниот град Лаго Ранко, при што едно лице загинало, а три други се повредени.

Владата веднаш не соопшти кој бил во хеликоптерот.