Повеќе од 246 илјади граѓани закачени на Системот за единствена најава на Министерството за дигитална трансформација
Министерството за дигитална трансформација овозможува услови сите граѓани да користат една е-маил адреса и една лозинка за регистрација на различните системи во државата, на лесен, брз и ефикасен начин. Оваа можност досега ја искористиле над 246 илјади граѓани во повеќе институции. Граѓанинот може да се регистрира на Системот за единствена...

Министерството за дигитална трансформација овозможува услови сите граѓани да користат една е-маил адреса и една лозинка за регистрација на различните системи во државата, на лесен, брз и ефикасен начин. Оваа можност досега ја искористиле над 246 илјади граѓани во повеќе институции.
Граѓанинот може да се регистрира на Системот за единствена најава (СЕН) доколку е полнолетен граѓанин на Македонија, или има регулиран престој согласно важечките законски прописи. При првата регистрација, граѓанинот автоматски станува и корисник на Националниот портал за електронски услуги – uslugi.gov.mk.
Најнови институции кои го користат системот на единствена најава се Министерството за образование и наука во доменот на електронските услуги кои се нудат за учениците и студентите, Агенцијата за катастар на недвижности, Агенцијата за вработување и неколку други.
Најлесен начин за регистрација е директно на Националниот портал за услуги – https://uslugi.gov.mk/user-profile или https://eid.mk. Граѓаните можат и лично да се регистрираат со лично присуство и со важечка лична карта или пасош, во некој од центрите за услуги на Министерството, во Центар, Аеродром, Тетово, Куманово, Штип, Битола, Охрид и Јегуновце.
Во наредниот период, Министерството работи на приклучување и на нови институции, општини, јавни претпријатија и приватни субјекти, со што граѓаните нема да мораат да паметат бројни различни лозинки за пристап, кориснички имиња и други потребни информации.
