Повредени патници на лет кон Хјустон, авионот поминал низ силни турбуленции

Најмалку пет патници на летот на „Јунајтед ерлајнс“ за Хјустон се повредени синоќа кога авионот наишол на силни турбуленции, што го принудиле да слета неочекувано, објави денеска „Њујорк пост“. Авионот, со 29 патници и тројца члена на екипажот, полетал од Спрингфилд, Мисури, но поради турбуленции, бил пренасочен кон регионалниот аеродром...

Мар 3, 2025 - 15:00
 0  2
Повредени патници на лет кон Хјустон, авионот поминал низ силни турбуленции

Најмалку пет патници на летот на „Јунајтед ерлајнс“ за Хјустон се повредени синоќа кога авионот наишол на силни турбуленции, што го принудиле да слета неочекувано, објави денеска „Њујорк пост“.

Авионот, со 29 патници и тројца члена на екипажот, полетал од Спрингфилд, Мисури, но поради турбуленции, бил пренасочен кон регионалниот аеродром „Вако“, изјави координаторот на Канцеларијата за управување со вонредни состојби во округот Мекленан, Рајан Диркер.

Петмина повредени патници се пренесени во блиската болница со повреди што не се опасни за животот.

„Скај вест“, кој го реализира летот, соопшти дека авионот безбедно слетал откога навлегол во турбуленции./Извор:Makfax