Претрес во Струмица, уапсено едно лице

Нa 07.10.2025 во 17:10 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода лице(30) од Струмица. Врз основа на судска наредба, извршен е претрес во неговиот дом, при што се пронајдени околу 300 грама марихуана, едно засадено стебло канабис, повеќе различни пакувања со марихуана и предмети со...

окт 8, 2025 - 12:30
 0
Претрес во Струмица, уапсено едно лице

Нa 07.10.2025 во 17:10 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода лице(30) од Струмица. Врз основа на судска наредба, извршен е претрес во неговиот дом, при што се пронајдени околу 300 грама марихуана, едно засадено стебло канабис, повеќе различни пакувања со марихуана и предмети со остатоци од марихуана.

Лицето е задржано во Полициската станица Струмица, а за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.