Претреси во Скопје – има уапсени

На 08.12.2025 во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје ги лишија од слобода Д.З.(29) и М.Н.(60), двајцата од Скопје. По наредба на Основен кривичен суд Скопје извршени се претреси во нивните домови, при што во домот на Д.З. се пронајдени и...

дек 9, 2025 - 12:30
 0
Претреси во Скопје – има уапсени

На 08.12.2025 во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје ги лишија од слобода Д.З.(29) и М.Н.(60), двајцата од Скопје. По наредба на Основен кривичен суд Скопје извршени се претреси во нивните домови, при што во домот на Д.З. се пронајдени и одземени марихуана, семки од канабис и дигитална вага. Додека, од М.Н. е одземена бела прашкаста материја.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.