Приватен авион на музичка ѕвезда удри во друг авион при слетување во Аризона: има загинати
Авион во сопственост на музичарот Винс Нил се судрил со паркиран авион додека се обидувал да слета на аеродромот Скотсдејл во Аризона вчера околу 14:39 часот по локално време, се вели во соопштението. Според информациите, едно лице загинало. Пејачот на Motley Crue не бил во авионот во тоа време, но...
Авион во сопственост на музичарот Винс Нил се судрил со паркиран авион додека се обидувал да слета на аеродромот Скотсдејл во Аризона вчера околу 14:39 часот по локално време, се вели во соопштението. Според информациите, едно лице загинало.
Пејачот на Motley Crue не бил во авионот во тоа време, но пилотот трагично загинал, се вели во соопштението на бендот на социјалните мрежи.
Копилотот и двајцата патници, девојката на Винс (43) и нејзината пријателка се хоспитализирани, а нивните повреди се опишани како „не опасни по живот“. Таа се здобила со скршеници на ребрата.
„Првите екипи кои пристигнаа на местото на настанот потврдија дека едно лице загинало, а четворица се повредени“, изјави капетанот на противпожарната служба во Скотсдејл, Дејв Фолио, објави „Ен-би-си Њуз“.
Адвокатот на Нил рече дека неговиот авион „излегол од пистата и се судрил“ со друг авион од „засега непознати причини“./Извор:Makfax