Променливо облачно, кон крајот на денот повремени врнежи
Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со појава на магла по одделни котлини. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на планините повремен слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималните температури...
Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со појава на магла по одделни котлини.
Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на планините повремен слаб снег.
Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Минималните температури ќе се движат од -2 до 4, а максималните од 7 до 14 Целзиусови степени.
Во Скопје променливо облачно, претпладне со појава на магла. Минималната темоература во главниот град ќе биде 3, а максималната 13 Целзиусови степени.
Од УХМР информираат дека денеска попладне, во текот на ноќта кон понеделник и во понеделник преку денот ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Врнежите ќе бидат со слаб до умерен интензитет. Потоа ќе преовладува стабилно и постудено време со ниски утрински температури, кои од среда насекаде ќе бидат под нула. Во понеделник и среда ќе дува умерен до засилен северен ветер./Извор:Makfax