Пукање во Виена: еден маж убиен, друг во критична состојба, напаѓачите во бегство
Во четвртокот вечерта, во еден турски ресторан во виенската населба Отакринг, дошло до крвава пресметка во која е убиен еден маж, а друг е тешко повреден и се бори за живот. Како што пренесува австрискиот весник „Кронен цајтунг“, по расправија меѓу неколку лица, еден од нив извадил пиштол и испукал...
Во четвртокот вечерта, во еден турски ресторан во виенската населба Отакринг, дошло до крвава пресметка во која е убиен еден маж, а друг е тешко повреден и се бори за живот. Како што пренесува австрискиот весник „Кронен цајтунг“, по расправија меѓу неколку лица, еден од нив извадил пиштол и испукал неколку куршуми кон двајца мажи.
Жртвите, двајца мажи со чеченско потекло, биле погодени од повеќе истрели – едниот починал на самото место, наводно од прострелна рана во стомакот, додека вториот бил итно пренесен во болница со повреди опасни по живот.
Полицијата трага по напаѓачот и неговиот соучесник, кои веднаш по инцидентот побегнале. Се претпоставува дека сторителот би можел да биде австриски државјанин со мигрантско потекло, иако првичните информации упатувале на тоа дека станува збор за лице од српска националност.
Областа околу местото на злосторството беше блокирана, а полицијата спроведе голема потрага во неколку виенски окрузи која траеше до доцна во ноќта.
Настанот се случил само еден ден по друг насилен инцидент во истата населба, кога 54-годишен сопственик на локал бил нападнат и повреден од група млади момчиња. Полицијата ги поврзува двата случаи во рамките на поширока истрага за растечкиот бран насилство во тој дел од градот./Извор:Makfax