Ризаов: Само како членка на НАТО и ЕУ, Македонија може да опстои трајно и да стане просперитетна, затоа гласам за Пендаровски

„Мојата определба да гласам повторно за Стево Пендаровски и за коалицијата за Европа поаѓа од непобитниот историски факт дека Македонија само како членка на НАТО и на ЕУ може да опстои трајно и да стане просперитетна држава, да го задржи своето население во татковината. Колку ова е остварливо зависи само...

Мар 5, 2024 - 13:00
 0  1
Ризаов: Само како членка на НАТО и ЕУ, Македонија може да опстои трајно и да стане просперитетна, затоа гласам за Пендаровски

„Мојата определба да гласам повторно за Стево Пендаровски и за коалицијата за Европа поаѓа од непобитниот историски факт дека Македонија само како членка на НАТО и на ЕУ може да опстои трајно и да стане просперитетна држава, да го задржи своето население во татковината. Колку ова е остварливо зависи само од тоа дали мнозинството граѓани на Македонија ќе препознаат кој треба да ги заврши работите од последната етапа, или тоа ќе го препушти на нова неизвесност копајќи во минатото“ пишува новинарот Ерол Ризаов во неговата колумна „Зошто пак ќе гласам за Пендаровски“ објавена на Дојче Веле.

Тој, повторувајќи ги аргументите од пред пет години, наведува дека земјите на Југоисточна Европа и особено на Балканот се осудени на распаѓање, емиграции и масовни преселби, доколку не станат членки на ЕУ и токму заложбите на Педаровски за членство во ЕУ се причината зошто тој го поддржува него.

„Со преземањето на функцијата претседател на државата од страна на Пендаровски, истиот ден завршува политиката која ја практицираше 11 години ВМРО-ДПМНЕ преку строго партиски определениот претседател Ѓорге Иванов, чии одлуки беа диригирани од вмровската палата“ потсетува Ризаов на неговиот текст од пред пет години.

Тој додава дека Пендаровски со својата работал потврдил и докажал силна посветеност за членството на Македонија во НАТО и ЕУ, а вториот и последен мандат, бидејќи трет не правно возможен, ќе му овозможи на Пендаровски уште поголема посветеност кон најзначајните државни интереси кои ја одредуваат иднината на Македонија и поголема слобода во односите со партијата која го предлага за свој кандидат.