Русија изврши масовен напад со беспилотни летала низ Украина пред годишнината од војната

Русија изврши масовен напад со 267 дронови на Украина. „Ова е најголемиот број беспилотни летала употребени во еден напад од почетокот на руската инвазија на 24 февруари 2022 година“, изјави Јуриј Игнат, портпарол на командата на украинските воздухопловни сили. Повеќе од половина од беспилотните летала беа соборени од противвоздушна одбрана....

февруари 23, 2025 - 20:00
 0  0
Русија изврши масовен напад со беспилотни летала низ Украина пред годишнината од војната

Русија изврши масовен напад со 267 дронови на Украина. „Ова е најголемиот број беспилотни летала употребени во еден напад од почетокот на руската инвазија на 24 февруари 2022 година“, изјави Јуриј Игнат, портпарол на командата на украинските воздухопловни сили.

Повеќе од половина од беспилотните летала беа соборени од противвоздушна одбрана. Украинските сили соборија 138 беспилотни летала, додека 119 исчезнаа од радарите. Русија истрела и три балистички ракети. Според украинските власти, беспилотни летала биле пресретнати во најмалку 13 региони, меѓу кои Харков, Полтава, Суми, Киев, Чернихив, Миколаев и Одеса.

Во нападите во Херсон загинаа две лица. Уште едно лице почина во Криви Рих, индустрискиот град во кој порасна украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Би-би-си јавува дека три дрона летале кон Белорусија, а еден кон Русија.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија лансирала повеќе од 200 беспилотни летала во вечерашниот напад, најмногу од почетокот на војната и повика на единство меѓу сојузниците на Украина.

„Нашиот народ секојдневно се бори против воздушниот терор. Во пресрет на третата годишнина од војната во полн обем, Русија лансираше 267 беспилотни летала во Украина, најжестокиот напад откако иранските беспилотни летала почнаа да ги напаѓаат украинските градови и села“, напиша тој на Икс./Извор:Makfax