Академик Ѓорѓиев: Воопшто не е важно Бугарија што мисли за нашите идентитет, они играат на таа карта со провокации

Историчарот академик Драги Ѓорѓиев, во интервју за Рацин.мк, вели дека „има впечаток дека на нас многу ни е поважно Бугарија да не признае нас, нашиот идентитет, како нација, како јазик, отколку сите други држави во светот“ и нагласува: „Имам впечаток дека сѐ друго ние би занемариле ако Бугарија каже, да,...

април 28, 2025 - 15:00
 0  0
Академик Ѓорѓиев: Воопшто не е важно Бугарија што мисли за нашите идентитет, они играат на таа карта со провокации

Историчарот академик Драги Ѓорѓиев, во интервју за Рацин.мк, вели дека „има впечаток дека на нас многу ни е поважно Бугарија да не признае нас, нашиот идентитет, како нација, како јазик, отколку сите други држави во светот“ и нагласува:

„Имам впечаток дека сѐ друго ние би занемариле ако Бугарија каже, да, еве постои македонски
јазик, постои македонски идентитет. Тоа треба да го тргнеме настрана. Воопшто не е важно Бугарија што мисли за нашите идентитет“, истакнува академи Драги Ѓорѓиев кој беше ко-претседавач на македонско-бугарската мешовита комисија за историски и образoвни прашања.

„Многу поважно е ние самите, ќе повторам, офанзивно, условно кажувам, да се соочиме со нашето минато, да расчистиме некои наши дилеми кои постојат внатре во македонското општество. На тој начин сите други провокации кои доаѓаат однадвор ќе станат ирелевантни“, вели академик Ѓорѓиев во интервјуто за Рацин.мк.

Треба да престанеме да реагираме и да објаснуваме нешто што постои и што е со децении присутно, смета Ѓорѓиев.

„Мислам дека дури одредени кругови во Бугарија играат на таа игра. Постојано да не држат затворени во нашите национални и етнички рамки и постојано ние да се трудиме да го докажуваме нашиот идентитет, да се преиспитуваме. Тоа е една неверојатна, би рекол многу лукава игра која ја спроведуваат одредени кругови. Јас сепак сакам да кажам дека во Бугарија има интелектуалци и кругови од факултети и од академии, кои немаат апсолутно никаква дилема околу македонскиот јазик и македонскиот народ“, укажува во интервјуто за Рацин.мк академик Драги Ѓорѓиев.