СДСМ до Мицкоски: Зошто Димитриевски има право да соработува со ДУИ, а Таравари не смее?
По скандалот на кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски, СДСМ јавно го прашува премиерот Христијан Мицкоски: Зошто кога станува збор за интересите на Максим Димитриевски, соработката со ДУИ е дозволена, но кога Арбен Таравари ќе го направи истото, тоа е забрането и осудено? Според партијата, станува збор за фамилијарна заработка на 350...

По скандалот на кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски, СДСМ јавно го прашува премиерот Христијан Мицкоски: Зошто кога станува збор за интересите на Максим Димитриевски, соработката со ДУИ е дозволена, но кога Арбен Таравари ќе го направи истото, тоа е забрането и осудено?
Според партијата, станува збор за фамилијарна заработка на 350 000 евра само преку купиј-продај, кој го овозможува ДУИ како опозиција во општинскиот совет преку пренамена на ДУП.
Како што тврди СДСМ, градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски семејното земјиште го продал на кумот за 250 000 евра, а кумот за два дена го препродал на ЛИДЛ за 600 000 евра, парцела која со помош на гласовите на ДУИ се пренаменува во земјиште под изговор за инвестиција на „Лидл“. Смената на ДУП-от ја помага опозициската ДУИ која гласа за предлог на градоначалник кој нема мнозинство?
Според партијата, ова несомнено е најголемиот урбанистички корупциски скандал во историјата на Куманово – организиран под водство на градоначалникот Максим Димитриевски и поддржан од советниците на ДУИ.
Гледајќи во минатото градоначалникот Димитриевски, својата политичка кариера ја изгради обвинувајќи ја ДУИ за криминал, но вчера со нивна поддршка го изгласува ДУП-от. Токму гласовите на ДУИ беа клучни за овој процес, што отвора сомнеж за постоење на тајна зделка.
Затоа СДСМ праша: Зошто Максим Димитриевски има дозвола од Мицкоски да соработува со ДУИ, кога тоа е во негова лична и финансиска корист? Зошто за истата работа, кога ја прави Арбен Таравари, тоа е државен скандал, а кога го прави Димитриевски, тогаш сите молчат?
Притоа СДСМ побара ЈО итно да отвори истрага, а Државната комисија за спречување корупција да го проверат целиот процес.