СДСМ ја поздравува одлуката на Стејт департментот на САД
-СДСМ ја поздравува одлуката на Стејт департментот на САД за ставaње на нови лица од државата на црната листа. СДСМ смета дека е исклучително значајна поддршката на стратешките партнери на Северна Македонија во борбата со корупцијата, рече во одговор на новинарско прашање, Јована Тренчевска – пратеничка на СДСМ. -Сите сомнежи...
-СДСМ ја поздравува одлуката на Стејт департментот на САД за ставaње на нови лица од државата на црната листа. СДСМ смета дека е исклучително значајна поддршката на стратешките партнери на Северна Македонија во борбата со корупцијата, рече во одговор на новинарско прашање, Јована Тренчевска – пратеничка на СДСМ.
-Сите сомнежи за корупција и злоупотреби на јавни средства мора да бидат истражени и санкционирани без компромис од страна на правосудните органи во Северна Македонија. Го охрабруваме целиот правосуден систем во државата да работи посветено и без двоумење на расчистување со сите форми на криминал и корупција, со цел да обезбеди праведност и еднаквост за сите граѓани. Апел до сите партии да се остават праводусните органи да си ја завршат својата работа.
СДСМ останува доследна во својата заложба за изградба на праведно општество за сите, во кое владеењето на правото и отчетноста ќе бидат темелите на нашата држава, изјави Тренчевска.