Се судрија два мали авиона во Аризона, две лица загинаа
Најмалку две лица загинаа синоќа кога два мали авиони се судрија во воздух над регионалниот аеродром Марана во американската сојузна држава Аризона, соопштија властите. Полициската управа во Марана ја потврди смртта на две лица и рече дека двата авиони биле авиони со еднопропелер и фиксни крила. Федералната управа за воздухопловство...

Најмалку две лица загинаа синоќа кога два мали авиони се судрија во воздух над регионалниот аеродром Марана во американската сојузна држава Аризона, соопштија властите.
Полициската управа во Марана ја потврди смртта на две лица и рече дека двата авиони биле авиони со еднопропелер и фиксни крила.
Федералната управа за воздухопловство (ФАА) соопшти дека аеродромот Марана е неконтролирано подрачје и дека вклучените авиони биле Cessna 172S и Lancair 360 MK II кои се судриле околу 8:25 часот по локално време.
Во секој авион имало по две лица. Истрагата за несреќата ќе ја преземе Националниот одбор за безбедност на транспортот.
Инцидентот се случува кога администрацијата на Доналд Трамп отпушта стотици вработени во ФАА одговорни за одржување на клучната инфраструктура за контрола на воздушниот сообраќај, предупреди во понеделникот синдикатот на професионални специјалисти за воздухопловна безбедност (ПАСС)./Извор:Makfax