Зеленски: Иднина без Путин, но со мир

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека смета на единството и храброста на своите сонародници, како и на прагматизмот и „конструктивниот“ пристап во односите со САД. „Ние стоиме цврсто на сопствените нозе. Сметам на украинското единство, нашата храброст… на единството на Европа и прагматизмот на Америка“, рече Зеленски во своето ноќно...

февруари 20, 2025 - 18:00
 0  1
Зеленски: Иднина без Путин, но со мир

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека смета на единството и храброста на своите сонародници, како и на прагматизмот и „конструктивниот“ пристап во односите со САД.

„Ние стоиме цврсто на сопствените нозе. Сметам на украинското единство, нашата храброст… на единството на Европа и прагматизмот на Америка“, рече Зеленски во своето ноќно видео обраќање. „Затоа што на Америка и треба успех исто како и нас“.

Тој рече дека во четврток ќе се сретне со американскиот претставник за Русија и Украина, Кит Келог, и дека „од клучно значење за нас е оваа средба и целата соработка со Америка да бидат конструктивни“.

„Заедно со Америка и Европа, мирот може да биде посигурен и тоа е нашата цел. Успехот не обединува. Нашето единство е најсилната заштита за нашата иднина. Иднина без Путин, но со мир“.

Тој ја даде изјавата по американско-руските разговори во Саудиска Арабија оваа недела за решение за речиси тригодишната војна, на која Украина не беше поканета.

Неговите забелешки се однесуваат и на коментарот на американскиот претседател Доналд Трамп дека Зеленски е „диктатор без избори“ бидејќи Киев нема одржано избори поради војната. Трамп, исто така, посочи дека Украина е одговорна за руската инвазија во 2022 година./Извор:Makfax