Семејно насилство во Струмица – приведен 22-годишен маж

На 08.12.2025 година во 15:15 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица лишија од слобода 22-годишен жител на Струмица. Според пријавеното, тој на 07.12.2025 година физички ја нападнал својата сопруга, при што ѝ нанел телесни повреди. Осомничениот е задржан во Полициската станица Струмица, а за настанот е запознаен јавен...

дек 9, 2025 - 12:30
 0
Семејно насилство во Струмица – приведен 22-годишен маж

На 08.12.2025 година во 15:15 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица лишија од слобода 22-годишен жител на Струмица.

Според пријавеното, тој на 07.12.2025 година физички ја нападнал својата сопруга, при што ѝ нанел телесни повреди.

Осомничениот е задржан во Полициската станица Струмица, а за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.