Серија апсења на повеќе локации низ Македонија – полицијата приведе десетина

Денеска (08.03.) во 03.40 часот во Скопје, на подрачјето на Чаир, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода лице(28) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. Денеска (08.03.) во 02.30 часот во Скопје,...

Мар 8, 2025 - 15:00
 0  2
Серија апсења на повеќе локации низ Македонија – полицијата приведе десетина

Денеска (08.03.) во 03.40 часот во Скопје, на подрачјето на Чаир, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода лице(28) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (08.03.) во 02.30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода лице(23) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 07.03.2025 година во 23.30 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода лице(22) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (08.03.) година во 02.50 часот пред трговски центар во Штип, полициски службеници од СВР Штип го привеле лице(21) од Република Турција, со привремен престој во Штип, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (08.03.) во 00.50 часот, на улицата „Цар Самоил“ во Битола полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода лице(31) и лице(30) двајцата од Битола бидејќи при преглед кај истите била пронајдена марихуана. По документирање на настанот против истите ќе следува соодветна пријава.

Денеска (08.03.) во 01.45 часот, на улицата „Партизанска“ во Битола полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода лице(34) бидејќи при преглед кај истиот била пронајдена грутчеста материја.По документурање на настанот ќе следува соодветна пријава.

На 07.03.2025 година во 23.30 часот, на улицата „Јордан Пиперката“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода лице(34) и лице(29)двајцата од Битола бидејќи при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана.По документирање на настанот против истите ќе биде поднесена соодветна пријава.

Денеска (08.03.) во 00.30 часот, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид, од слобода го лишија лице(56) од Охрид. При претрес во простории на улицата „Железничка“ што тој привремено ги користел, полициските службеници пронајдоа и одзедоа стаклен предмет со девет опаковки со бела прашкаста материја. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 07.03.2025 година во 16.30 часот во Скопје на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје привеле малолетник од Скопје затоа што кај него бил пронајден и одземен боксирач. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.