Шилегов: Ако пред 15тина години го решевме проблемот со името, уште тогаш ќе бевме и НАТО и ЕУ членка

„Предупредив и тогаш и сега пак, заради ефтини политички поени, бранење на некакви си национални позиции, ќе ве вратам 15-16 години нанзад, ние требаше во Букурешт на самититот на НАТО да станеме полноправна членка ако за меѓународна употреба на нашето уставно име Република Македонија додадевме Скопје, така во 2009 година...

февруари 13, 2024 - 03:00
 0  0
Шилегов: Ако пред 15тина години го решевме проблемот со името, уште тогаш ќе бевме и НАТО и ЕУ членка

„Предупредив и тогаш и сега пак, заради ефтини политички поени, бранење на некакви си национални позиции, ќе ве вратам 15-16 години нанзад, ние требаше во Букурешт на самититот на НАТО да станеме полноправна членка ако за меѓународна употреба на нашето уставно име Република Македонија додадевме Скопје, така во 2009 година ќе станевме НАТО членка и ќе влезевме во ЕУ. После 15 години решението на нашите пријатели коишто тогаш го помагаа процеесот, беше Преспанскиот договор. Немаме ниту правни, ниту национални, ниту политички последици. Напротив, имам еисториска придобивка, да во Преамбула на Уставот се внесе и бугарското малцинство. Историски го правиме разграничувањето на фашозоидната бугарска теза дека ние сме всушност еден народ во две држави,“ рече Петре Шилегов, член на ИО на СДСМ, во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5.

Тој се осврна на почетната бугарска позиција со која е проблематизирано ова прашање, а тоа според Шилегов е класично фашистичка со целосно непризнавање на македонскиот народ односно негово признавање по 1945 година.

„Со помош на пријателите и здравата политичка логика, иако Бугарија е внатре во Унијата каде со консензус се носат одлуките, тие барања беа сублимирани во т.н француски предлог, а обврската на Македонија е во Преамбулата на Уставот да внесе бугарско национално малцинство,“ рече Шилегов.

Во врска со Комисијата за историски прашања, тој посочи дека таа може, но немора да се сложи по сите прашања.
„И нема да сложиме по сите прашања, нема да се сложиме дека Гоце Делчев е бугарин и толку. Треба да ги читаме работите кои што се напишани. Зошто му смета на ВМРО ДПМНЕ да ги поделиме македонскиот и бугарскиот народ како различни народи? ,“ рече Шилегов.