Шолц: Германија нема да се врати на нуклеарната енергија

Германија нема да се врати на нуклеарната енергија поради долгото време на изградба и високите трошоци, изјави во понеделникот германскиот канцелар Олаф Шолц. – Ако некој сега реши да гради нуклеарна централа, таа ќе биде готова за 15 до 20 години, според сегашните рокови за изградба. Дотогаш требаше да ги...

Мар 5, 2024 - 19:00
 0  0
Шолц: Германија нема да се врати на нуклеарната енергија

Германија нема да се врати на нуклеарната енергија поради долгото време на изградба и високите трошоци, изјави во понеделникот германскиот канцелар Олаф Шолц.

– Ако некој сега реши да гради нуклеарна централа, таа ќе биде готова за 15 до 20 години, според сегашните рокови за изградба. Дотогаш требаше да ги решиме сите наши проблеми поврзани со тоа – изјави Шолц при посетата на училиштето во покраината Баден-Виртемберг.

Шолц рече дека електричната енергија произведена од нуклеарните централи е поскапа од онаа произведена од ветер, сончева енергија или други извори.

Додавајќи дека резервите на ураниум се исто така ограничени, Солц нагласи дека ќе се покаже која одлука за производство на електрична енергија е поисплатлива и поефикасна во следните две децении.

Најголемата економија на Европската унија одлучи постепено да ја укине нуклеарната енергија во 2011 година, по нуклеарната катастрофа во Фукушима, Јапонија, но германската индустрија и опозициските партии неодамна побараа продолжување на централите.

Германија ги затвори своите последни нуклеарни реактори минатата година, означувајќи го крајот на нуклеарната ера на земјата по повеќе од 60 години.