Шукова: Од надоместот за ќеси собравме 120 милиони денари со кои ќе набавиме канти и контејнери за сите општини

Министерката за животна средина Каја Шукова, во интервју за Слободен печат посочи дека надоместот што граѓаните го плаќаат при набавка на пласитчни ќеси за пазарување, дава придонес во унапредување на квалитетот на животната средина „Пред некоја година се воведе надомест за користење пластични ќеси каде ги стимулираме граѓаните да не...

февруари 13, 2024 - 16:00
 0  0
Шукова: Од надоместот за ќеси собравме 120 милиони денари со кои ќе набавиме канти и контејнери за сите општини

Министерката за животна средина Каја Шукова, во интервју за Слободен печат посочи дека надоместот што граѓаните го плаќаат при набавка на пласитчни ќеси за пазарување, дава придонес во унапредување на квалитетот на животната средина

„Пред некоја година се воведе надомест за користење пластични ќеси каде ги стимулираме граѓаните да не користат платични ќеси а оние што користат да платат надомест којшто се прибира од страна на државата. Минатата година собравме некаде околу 120 милиони денари или околу два милиони евра. Од нив 105 милини денари ги наменивме да набавиме канти и контејнери за преселекција на отпад. Тие ќе се распределат до сите општини во државата, по точно утврдена методологија, односно по територија, по број на жители, по број на населени места ќе распределиме соодветен број на канти и контејнери и се надевам дека таа набавка брзо ќе ја завршиме“ рече Шукова,

Со останатиот дел од средствата, Шукова истакна дека ќе се финансира јавна кампања за управување со отпад каде ќе бидат опфатени сите граѓани, со фокус на помладите генерации.