Силен циклон пристигнува утре – локално над 40 литри дожд! Детална прогноза за следните 4 дена
Под влијание на циклонска активност утре насекаде ќе има врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во јужните делови, каде локално се очекува да наврнат над 40 l/m² за 24 часа. Во сабота ќе има локални врнежи од дожд, особено во јужните делови, кои попладне ќе престануваат. Од недела ќе...
Под влијание на циклонска активност утре насекаде ќе има врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во јужните делови, каде локално се очекува да наврнат над 40 l/m² за 24 часа. Во сабота ќе има локални врнежи од дожд, особено во јужните делови, кои попладне ќе престануваат. Од недела ќе настапи стабилизирање на времето со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст.
Во Скопје, утре ќе има врнежи од дожд, кои повремено ќе бидат пообилни, а во сабота ќе бидат со послаб интензитет и попладне ќе престанат.
Прогноза за 06.12.2025
Минимална температура: 5°C до 10°C
Максимална температура: 8°C до 13°C
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, особено во јужните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Прогноза за 07.12.2025
Минимална температура: 3°C до 8°C
Максимална температура: 9°C до 15°C
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Прогноза за 08.12.2025
Минимална температура: -1°C до 7°C
Максимална температура: 8°C до 15°C
Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен северен ветер.