Силен земјотрес ја погоди Грција, еве каде се стресе тлото
Земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала е регистриран рано утринава, околу 07:57 часот на островот Санторини во Грција. Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот бил лоциран во областа со географски координати на географска ширина 36,4086 и географска должина 25,4538. Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки...
Земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала е регистриран рано утринава, околу 07:57 часот на островот Санторини во Грција.
Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот бил лоциран во областа со географски координати на географска ширина 36,4086 и географска должина 25,4538.
Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 5 километри под површината на земјата.
Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата./Извор:Makfax