Семејно насилство, алкохол и котроверзии! Пит Хегсет е новиот министер за одбрана на САД

Пит Хегсет е избран за министер за одбрана на САД со тесно мнозинство, откако Сенатот не успеа да донесе конечна одлука. На гласањето, 50 сенатори гласаа „за“, додека исто толкав број гласаа „против“. Поради изедначениот резултат, одлуката ја донесе потпретседателот Џеј-Ди Венс, кој гласаше во корист на Хегсет. Сите демократски...

Јан 25, 2025 - 17:00
 0  1
Семејно насилство, алкохол и котроверзии! Пит Хегсет е новиот министер за одбрана на САД

Пит Хегсет е избран за министер за одбрана на САД со тесно мнозинство, откако Сенатот не успеа да донесе конечна одлука. На гласањето, 50 сенатори гласаа „за“, додека исто толкав број гласаа „против“. Поради изедначениот резултат, одлуката ја донесе потпретседателот Џеј-Ди Венс, кој гласаше во корист на Хегсет.

Сите демократски сенатори, како и тројца републиканци, ја одбија кандидатурата на Хегсет. Ова е вторпат во историјата на САД потпретседателот да има клучна улога во избор на министер. Првиот ваков случај беше во 2017 година, кога потпретседателот гласаше за Бетси ДеВос како министерка за образование.

Хегсет, кој има 44 години, е поранешен водител на „Фокс њуз“ и одликуван ветеран, а на новата функција ветува големи реформи во Пентагон. Сепак, неговата кандидатура беше обележана со жестоки критики и бројни контроверзии.

Многумина ги доведоа во прашање неговите квалификации за функцијата, потсетувајќи на неговите проблематични изјави за жените во борбените единици и наводите за нестабилен темперамент. Дополнително, за време на процесот на одобрување, излегоа сериозни обвинувања за семејно насилство, прекумерно консумирање алкохол и неправилно финансиско управување во организациите за ветерани.

Во својата одбрана, Хегсет јавно вети дека ќе се воздржи од алкохол доколку биде избран за министер. Тој призна дека направил грешки во финансиското управување, но ги негираше обвинувањата за насилство и други сериозни прекршоци.

И покрај скандалите и поделбите во Сенатот, новиот министер за одбрана се обврза на реформи кои, според него, ќе донесат „големи промени во функционирањето на Пентагон.“/Извор:Makfax