Сите патници се спасени од хеликоптерот кој падна во океанот кај Норвешка

Сите шест патници од хеликоптерот што се урна во Атлантскиот Океан кај Норвешка се спасени, соопштено е. Веста за падот на хеликоптерот ја потврди и норвешката полиција. Се уште не е позната состојбата на спасените патници. Норвешката јавна телевизија НРК јавува дека неколку возила за итна помош се на местото...

февруари 29, 2024 - 13:00
 0  1
Сите патници се спасени од хеликоптерот кој падна во океанот кај Норвешка

Сите шест патници од хеликоптерот што се урна во Атлантскиот Океан кај Норвешка се спасени, соопштено е.

Веста за падот на хеликоптерот ја потврди и норвешката полиција.

Се уште не е позната состојбата на спасените патници.

Норвешката јавна телевизија НРК јавува дека неколку возила за итна помош се на местото на инцидентот западно од градот Берген.

Директорката на Бристов Норвешка Хајди Вулф Бројк изјави дека хеликоптерот и припаѓа на компанијата која превезува екипажи до нафтените инсталации во Северното Море.