Скопје повторно соборува рекорди, се најде на прво место во Европа по загаденост
Скопје се најде на седмото место на листата со најзагадени градови во светот, а на прво во Европа, со индекс на загаденост од 164, покажаа податоците од платформата IQAir. По општини, најзагадено утрово е во Центар, со индекс на загадување од 196, потоа следуваат Лисиче, Карпош, Ѓорче Петров, Гази Баба,...
Скопје се најде на седмото место на листата со најзагадени градови во светот, а на прво во Европа, со индекс на загаденост од 164, покажаа податоците од платформата IQAir.
По општини, најзагадено утрово е во Центар, со индекс на загадување од 196, потоа следуваат Лисиче, Карпош, Ѓорче Петров, Гази Баба, Ректорат, Кисела Вода.
Мерењата покажуваат дека ПМ 2,5-честичките утрово се застапени во воздухот со 85 микрограми на кубен метар, што е повеќе од 17 пати над дозволената горна граница, која е утврдена од страна на Светската здравствена организација (СЗО). Високо е нивото и на ПМ 10 -честичките, а мерењата утрово покажуваат присуство на 131,4 микрограм на кубен метар./Извор:Makfax